vesti24.mk
ЗАБАВА

Ако искрено се извинувате, овие 7 работи НЕ СМЕЕТЕ да ги кажете

ECA

За несреќа, многу често се случува да кажеме погрешни работи додека се извинуваме, што води кон тоа да бидеме сфатени погрешно, некогаш дури и дополнително да ни се налутат. Постои можност да помислат дека нашето извинување не е искрено, а тогаш сме направиле само поголем проблем.

Со цел да избегнеме вакви незгодни ситуации, убаво е да ги избегнуваме следниве неколку реакции и реченици.

1. Жал ми е, но…

Нормално дека постои некоја причина поради која сте направиле или кажале нешто, без разлика дали е таа оправдана или не. Но штом се извинувате, изговорот е последно нешто коешто треба да ви падне на памет. Во спротивно сигурно ќе звучите неискрено.

2. Жал ми е што се чувствуваш така

Доколку тешите некого, оваа реченица е прифатлива. Но извинувањето значи дека сте сфатиле дека сте згрешиле и дека сакате да ви простат, а сè што оваа реченица ќе предизвика е да изгледате бесчувствително.

3. Да, но ти понекогаш…

Како тоа се извинувате, а ја барате вината кај другата личност? Ова е очекувано додека трае моментот на расправија и кога сè уште се обидувате да докажете дека сте во право. Но никако додека се извинувате.

4. Знам, но јас само…

Повторно изговори. Вие се извинувате и вашите причини зошто сте погрешиле не се воопшто важни во тој момент. Целта ви е да покажете дека ви е навистина жал и дека сакате да ви биде простено.

5. Правиш голема работа од ништо

Штом личноста се налутила, тогаш станува збор за некоја работа која и значи нешто. А ако има важност за неа, тогаш треба да ви е важно и вам.

6. Се лутите бидејќи ви се лутат вам

Кога некој ви се лути, решението е да сфатите зошто е тоа и да се обидете да го решите проблемот на мирен и едноставен начин. А кога вие сте тие што погрешиле, тогаш е убаво да се извините што поскоро. Извинувањето кое го сочинуваат префрлања и спомнување претходни кавги, не е воопшто извинување.

7. Не сакам да се карам во врска со ова

Повторно грешен избор на зборови. Логично дека не сакате да се расправате, па никој свесно не сака кавги. А за да нема кавги, што побргу прифатите дека сте погрешиле и решите да го поправите тоа, толку поубаво. Па наместо да губите време на карање и кажување зборови кои веројатно не ги ни мислите, кажете колку ви е жал и дека ќе се обидете следниот пат да направите подобро.

Искреното извинување значи многу. Некогаш едно кратко и брзо “извини“ може да спречи многу поголеми проблеми. Па доколку сте виновни, наместо да бидете горди и извинувањето да го гледате како пораз, свиткајте опаш и обидете се да не изгубите личност која ви значи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts