vesti24.mk
ЗАБАВА

Ако не сакате да ви испари омилениот парфем, еве каде треба да го чувате во текот на летото

ECA

Ако не сакате брзо да ви испари омилениот парфем за кој сигурно и сте одвоиле значителна сума од вашиот буџет, информирајте се каде треба да го чувате во летните месеци.

Можеби и вие, како повеќето луѓе, едноставно го чувате парфемот на погрешно место во летниот период, па побрзо ви испарува.

Решението можеби ќе ве изненади, но е многу едноставно. Ако сакате подолго да ви трае парфемот, преместете го во кујната, поточно во фрижидерот, има изјавено директорот на одделот за козметика на Victoria’s Secret, Марк Книтовски.

Тој истакнува дека ова правило особено важи за во лето, поради топлината и сончевата светлина што придонесуваат мирисот побрзо да „ветрее“. Во фрижидер ќе се зачува свежината на парфемот и ќе биде подолготраен.

Ако не сакате да ја чувате козметиката на исто место, друга опција ви е да го завиткате парфемот во фолија.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts