vesti24.mk
ВЕСТИ

Алексовски: Имам кривична пријава од власта предводена од СДСМ во период кога повеќе не сум градоначалник на Крива Паланка

ECA

Арсенчо Алексовски, поранешен градоначалник на Крива Паланка во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за кривичните пријави кои се водат против него од страна на власта предводена од СДСМ, а за тоа не бил повикан да даде исказ во МВР. Имено тој посочи дека има и кривична пријава за периодот од 2017 кога тој повеќе не ја извршувал функцијата градоначалник.

-Сите кривични пријави кои ми се ставаат на мене не сум ги примил ниту сум бил повикан во МВР да дадам свој исказ, како што е нормално, како што секој човек има право да даде своја одбрана и да кажам дали е тоа вистина или не, да дадам докази. Од порталите дознавам дека имам нова кривична пријава. Случајно дознав дека имам пријава за издаден шанк во Градскиот Парк во пеиродот од 2011 до 2020 година,а јас сум градоначалник до 2017, јас одговарам и за периодот и на новиот градоначалник, јас имам кривична пријава и за него. Ако е така кривична пријава треба да има и новиот градоналник, значи законот важи за некои, а за некои не важи, истакна тој.

Алексовски објасни дека шанкот кој бил издаден кога тој бил градоначалник на општина Крива Паланка, стопанственикот редовно си ја плаќал одредената сума према оштината.

-Кога излезе по порталите сето ова сегашниот градоначалник и заедно со началникот на надворешната кацеларија славеа за ова, додаде тој.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts