vesti24.mk
ВЕСТИ

Амбасадорите јасно му кажаа на Заев што треба, разбира ли Зоран

ECA

Во текот на вчерашниот ден премиерот Зоран Заев и владата уште еднаш после неколку извештаи на домашни и странски институции и фондации добија потсетник и опомена од амбасадорите на САД и ЕУ за вистинска борба против корупцијата, реформи и подобра економија.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз и Дејвид Гир денес упатија апел за тоа дека САД и ЕУ очекуваат  вистински реформи, а не декларативни фејзбук  заложби на Заев и владата за подобра економија, отварање нови работни места и правда.
Двајцата амбасадори Кејт Брнз и Дејвид Гир беа дел на дискусијата на македонско американската алумни асоцијација и Еразмус плус на кој се зборуваше за искуствата на младите на студиските престои надвор од земјава.

Вистински реформи во земјава, а не козметика, бараат САД.

– Борбата против корупцијата треба да биде реална, правдата еднаква за сите, а демократијата и економијата треба постојано да се надградуваат. Реформите треба да го подобрат животот на граѓаните, а не да се прават само поради ЕУ и НАТО, порача американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts