vesti24.mk
ЗАБАВА

Американската полиција во потрага по „Супермен“, пилоти пријавиле човек што лета! (ВИДЕО)

ECA

Американската полиција го испитува случајот со летечкиот човек, кого пилотите кои слетаа на аеродромот во Лос Анџелес објавија дека го виделе на надморска височина од 900 метри.

Истрагата за овој случај ја презеде ФБИ, бидејќи пилотите на комерцијалните летови поднеле извештај дека човек со „џет пек“ (ранец со млазен погон) кружи во воздухот во близина на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, објави Фокс Њуз.

Бизарниот случај изненади многумина и го покрена прашањето дали некој би ризикувал толку многу да им се најде на патот на бројните авиони што се приближуваат до еден од најпрометните аеродроми на светот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts