vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Апликацијата за запознавање на Фејсбук „дејтинг“ наскоро достапна и во Европа

ECA

Компанијата Фејсбук објави дека ќе ја лансира апликацијата за запознавање „Фејсбук дејтинг“ во 32 европски земји.

Таа апликација требаше да биде достапна за Европејците порано, но, Службата за заштита на податоците на ЕУ, претставена од ирскиот ДПЦ (регулаторно тело на Унијата што ги надгледува технолошките компании ширум светот), изрази загриженост поради штурото објаснување за лансирањето на апликацијата, која треба да биде достапна од 13 февруари.

Од ДПЦ изјавија дека не добиле документација за проценка на заштитата на податоците или за процесот на донесување одлуки преземени од Фејсбук.

Ирскиот сервис денеска соопшти дека ќе продолжи да го следи процесот на запознавање низ Европската унија оваа недела, додавајќи дека Фејсбук, во меѓувреме, објаснил каде се случиле промените во апликацијата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts