vesti24.mk
ВЕСТИ

Аџиоски: 4 години зелената коалиција ДУИ – СДСМ, 4 години Струга тоне во смет и дише загаден воздух

ECA

Четири години зелената коалиција ДУИ – СДСМ ја управува општина Струга. Сите институции, и централни и локални се под капата на ДУИ и СДСМ. Четири години Струга е еден од најзагадените градови не само во Македонија, туку и во рамките на поширокиот регион, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Мирче Аџиоски.

-Ова зад мене се слики од струшката дива депонија. Струга и стружани дишат загаден воздух кој доколку има мерни станици за загаденоста на воздухот нема да можат ниту да го измерат.

Четири години ДУИ и СДСМ не прават ништо за да ја исчистат дивата депонија и да забранат фрлање на смет на таа локација.

Ова се слики од влезот на Струга, кој е буквално исполнет со мали депонии. Ова е сликата која што секој домашен и странски турист ја гледа кога доаѓа во Струга.

Овие диви депонии се наоѓаат во непосредна близина на езерото, и покрај тоа што го загрозуваат здравјето на луѓето и ја загрозуваат и целата непосредна околина, вклучувајќи го и езерото.

Зелената коалиција ДУИ – СДСМ не кажаа ниту збор кога се палеа трските пред езерото, кои се дел од посебниот еко простор пред езерото, и се дом на голем број на птици. На ДУИ и СДСМ не само што не им пречи, туку не се ни погрижија да го најдат сторителот.

Во градовите и во цела Република Македонија каде на власт се зелената коалиција ДУИ – СДСМ Македонија дише загаден воздух, има диви депонии насекаде, и животната средина трпи разни загадувања.

Четири години ДУИ – СДСМ, 4 години зелена коалиција, 4 години Македонија се гуши. Четири години со Заев, 4 години украден живот. Доста е!, потенцира Аџиоски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts