vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Бизнисот им цвета на астролозите – Луѓето прашуваат дали ќе ја преживеат пандемијата

ECA

Во една земја астрологијата се сфаќа многу сериозно. Важните одлуки, приватни и деловни, не се носат без консултации „со ѕвездите“. И додека економијата се бори со корона-кризата, астролозите не можат глава да кренат од муштерии.

Од почетокот на пандемијата и кризата што ја зафати Индија со полна сила, астрологот и „мистичен исцелител“ Санџај Шарма има полни раце работа. Неговата мала „канцеларија“ во центарот на Делхи е полна со хиндуистички симболи, се чувствува силниот мирис на стапчиња што чадат од сите страни, пренесува Deutsche Welle.

Се слуша мантрањето со кое Санџај подготвува една „пациентка“ за сеанса. Како сцена од некој филм.

Сепак, ова е реалност во Индија. Астролозите сè уште играат важна улога во животот на просечниот Индиец. Нивните совети ги бараат не само обичните граѓани, туку и политичарите и бизнисмените – сите кои се соочуваат со некоја важна одлука во животот или се во некоја дилема.

На пример, пред бракот мора да се консултира астролог. И за вистинско време да се започне со бизнис, пред важно и долго патување, исто така се прашува астролог.

Џотиш, ведскиот облик на астрологија, е дел од секојдневниот живот, како и древната ведска медицина – Ајурведата. Во вакви кризни периоди, како оваа низ кои минува Индија и остатокот од светот, има уште повеќе луѓе кои бараат решение надвор од она што се нарекува западна медицина.

„Луѓето се многу загрижени за иднината. Прашуваат дали ќе ја преживеат пандемијата, дали ќе им опстане работното место или бизнисот што го водат. Сопствениците на хотели чии локали се затворени со месеци, исто така доаѓаат кај мене и ме прашуваат што ги чека“, вели Санџај.

Позитивна енергија
Заработката на астролозите се зголеми за 50% во последните месеци, пренесува весникот Times of India. Еден популарен астролошки портал регистрираше двојно повеќе пребарувања од почетокот на пандемијата отколку вообичаено.

Сема Оберој и Анџу Деви исто така бараат совет и помош. Во чекалната на астрологот Санџај тие објаснуваат зошто се тука.

„Добиваме толку многу позитивна енергија кога разговараме со нашиот гуру. Свесни сме дека на крајот ќе биде така како што Бог одредил, но едноставно се чувствуваме подобро откако ќе ги искажеме своите грижи тука и ќе ги слушнеме неговите зборови“, вели Сема.

И Анџу продолжува: „Кога ќе ни се вознемири душата, доаѓаме овде. Ние наоѓаме мир тука, и ако нашите желби се остварат подоцна, тоа е дополнително добро чувство“.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts