vesti24.mk
ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА

Битиќи призна само 54 проценти се искористени од трите сета на антикризни мерки

ECA

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостување во емисија Бизнис поенти на ТВ Алфа, призна дека не се искористени сте средства од трите владини антикризни пакети, односно како што рече тој само 226 милиони евра се искористени или 54 проценти.

Ние со пресек 31 август во стопанството и кај граѓаните во првиот, вториот и третиот сет на мерки имаме 226 милиони евра потрошено од предвидените трите пакети на мерки, тоа е 54, 55 проценти потрошени мерки, вели Битиќи.

Тој ги призна и обвинувањата за зголемен буџетски деифици од 120 милиони евра за само три месеци за кој обвинуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека власта ги користела за поткуп на граѓаните за изборни цели.

Значи да зборуваме, економијата е бројки. Буџетот тој е кој што е, скоро 4 милијарди, да имаме буџетски дефицит, не го креираме буџетскиот дефицит да ставаме палми на Вардар и жални врби, рече Битиќи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts