vesti24.mk
ВЕСТИ

Божиновски: Целиот случај каде јас сум избркан од работното место во затворот „Шутка“ е монтиран случај од лица блиски до власта

ECA

Љубомир Божиновски, Член на Советот во општина Чаир и вработен во затворот Шутка повеќе од 10 години кој беше избркан од своето работно место во своето гостување во радио Лидер зборуваше за неговото бркање од работа каде посочи дека сето ова му се прави затоа што тој е симпатизер и член на Советот во општина Чаир на ВМРО-ДПМНЕ и смета дека целиот овој процес е монтиран.

– Јас бев распореден на друго работно место каде работното време ни е од 8 часот до 16 часот и пред да си одиме од работа некаде околу 15 часот еден колега дојде кај мене на работното место кој е со многу помал стаж од мене и ме сликаше со телефон како што е наведено и од сведоците. Јас излегов по него да го прашам зошто го направил тоа и тој ништо не ми одговори и се вратив и напишав службена белешка за да се превземат мерки за тоа. Тој кој ме сликаше пријавил дека сум го нападнал со оружје и навел сведоци за тоа, но тие говореа во моја полза. На дисциплинската се случи да ме казнат 20% од плата еден месец, така одлучи дисциплинската комисија. Но директорот ја смени одлуката во бркање од работа, но тоа треба да биде добро образложено, но за жал не беше и затоа поднесовме жалба до второстепена комисија со адвокатот и чекаме одговор, но за жал нема одговор за тоа. Процесот се гледа дека е монтиран бидејќи има 5 сведоци на моја страна, дури и сведоци кој тој ги навел. Мене ме казнуваат зошто оружјето ми стоело на работното биро и тоа го прават сите колеги затоа што немаме соодветно место кај да го чуваме оружјето, рече Божиновски во своето гостување.

Понатаму тој во своето гостување посочи дека надлежниот ја сменил одлука во врска неговиот случај и го направил тоа во период кога бил позитивен на КОВИД-19 и не е на работа и потоа одлука ја потпишал подносителот на предлогот за дисциплинска.

-Надлежниот одлука ја менува после неколку дена, но уште потрагично е тоа што надлежниот во тој момент е мислам дека е со корона и не е на работа и не ја потпишува тој туку подносителот на предлогот за дисциплинска и според мене тоа не е логично кажа тој. Јас ги имам изјавите дека сите сведоци си стојат на своите одлуки и дека не се чувствувале загрозени во тој момент кога оружјето било на масата. Едниот колега дури наведува дека истиот колега влегол над 20 пати каде сум јас, а тој не е распореден таму. Се приметува дека тоа што тој го прави ова е класична провокација од негова страна. Јас имам поддршка од сите три синдикати кои се затворот Шутка и поднесоа иницијатива за собирање потписи каде се собраа околу 70 потписи и тоа е над 50% од вработените. Но и со тоа имаше проблем имаше украдено листови со потписи, преместување на двајца претседатели на синдикатите по други работни позиции, закани и тоа сеуште трае. Имаме списоци од 15 луѓе на кои им се заканувале дека ќе ги преместат по други затвори.

Божиновски порача дека ова што му се прави е затоа што тој е советник во општина Чаир од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Јас сум убеден дека ова се прави зошто јас сум и советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Чаир, тоа може да се види од социјалните мрежи дека лицето го поттикна овој случај има многу заеднички слики со новиот директор и истите се членови на политичка партија. Сите овие проблеми започнуваат со смената на новиот директор. Тие кои се симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ нон стоп се преместуваат на други работни места и се малтретирани, додаде тој во своето гостување.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts