vesti24.mk
ЗАБАВА

Британската Кралска ковачница изработи златна пара од 10 килограми

ECA

Британската Кралска ковачница изработи златна пара тешка десет килограми. Ова е најтешката досега „паричка“ во нивната 1.100-годишна историјата, пренесува „Гардијан“.

На кованицата го има ликот на кралицата Елизабета Втора и натпис: „Ѕверовите на кралицата“. Потребни биле 400 часа, т.е. четири дена полирање, за да се направи монетата, којашто Кралската ковачница ја опиша како „величествена“.

Парата е веќе продадена, а Кралската ковачница засега не соопштува подробности за продажбата, ниту за купувачот. Се знае само дека „паричка“ со оваа големина и вложен труд и вештина, може да достигне и шестцифрена цена.

Монетата е широка 20 сантиметри и е изработена со традиционални вештини, но и иновативна технологија. Апоенот има вредност од 10.000 фунти (11.500 евра).

извор:курир.мк

Loading...

Related posts