vesti24.mk
ВЕСТИ

Британскиот сој на коронавирус ја зема првата жртва во Македонија

ECA

Два нови случаи на британскиот сој на вирусот се откриени во Македонија. Веста ја објави на Твитер д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“.

Токму тој пред неколку дена пред јавноста ја сподели загрижувачката вест – дека заразниот вирус, којшто навлезе во 70 земји досега, е присутен и во земјата уште пред Нова година.

Според сознанија на Дојче веле станува збор за заразени лица од Скопје и од Охрид. Едниот случај е од 4 јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот. Вториот случај е од 18 јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред три дена.

-Претходно беше детектиран британскиот сој кај 46-годишен маж од Скопје кој веќе оздравел, но во лабораторијата на МАНУ беше најавено дека ќе се прават дополнителни анализи. Ќе се испитува можноста да не има и други заразени со овој опасен вирус, особено од последниот кластер на Клиниката за нефрологија, каде за краток период има десетици заболени. Лекарите алармираат дека поради тоа што многу лесно се пренесува за разлика од другите мутации, веројатно за неколку месеци ќе стане доминантен во земјата, како и во многу други земји во светот.  Мутацијата на вирусот за прв пат беше откриена во Велика Британија кон крајот на минатата година, а според последните податоци на СЗО веќе е проширена во 70 други земји. Голем дел од европските земји воведуваат мерки и затвораат граници поради опасноста од овој сој, пишува Дојче веле.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts