vesti24.mk
ВЕСТИ

Бугарскиот медиум каде Заев објави дека фашистичка Бугарија била администрација и ослободител, шири невистини против Мицкоски

ECA

Бугарската новинска агенција „Бгнес“ денес пишува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е оженет со Бугарка.

Како причина за овие натписи, медиумот наведува дека бугарско државјанство имала сестрата на сопругата на Мицкоски.

„Стевица Јанева, која е сестра на сопругата на Христијан Мицкоски, Рози, има бугарско државјанство. Ова е јасно од избирачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија закажани за 4 април“, пишува агенцијата.

Во објавата на „Бгнес“ се наведува дека Стевица, кој работи како нотар во градот Струмица, има бугарски пасош, што може да го добие само врз основа на докажано бугарско потекло и самоопределување.

„Ако Стевица Јанева има бугарско државјанство врз основа на докажано потекло, бидејќи такво се дава само ако вашите предци се Бугари, тогаш излегува дека и Рози Мицкоска е Бугарка“, заклучува агенцијата.

Според бугарскиот медиум, актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е познат по својата остра антибугарска реторика.

„Тој дури си дозволил неодамна да каже дека ако некој рече дека Гоце Делчев е Бугарин, тој ќе направи дипломатски скандал во светот. Сега, сепак, не е познато каков скандал ќе предизвика веста дека тој е оженет со Бугарка“, додава агенцијата.

Кога станува збор за оваа бугарска новинска агенција, македонската јавност многу добро ја знае истата. Таа тука стана “позната“ откако македонскиот премиер даде едно скандалозно интервју кое ги повреди чувствата на Македонците и јави револт кај многумина.

Токму во интервјуто за „Бгнес“, Зоран Заев истакна дека Гоце Делчев е и Бугарин, дека македонскиот и бугарскиот јазик се исто и дека Бугарија не била фашистички окупатор, туку ослободител на Куманово и Прилеп…

-Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој се борел за слободата на Македонија и за сите. И ова е апсолутна реалност, рече Заев во интервјуто за бугарска новинска агенција.

-Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател. Ние, двете земји, мора да бидеме доволно паметни да ја искористиме оваа заедничка историја за да изградиме мостови на пријателство. Затоа велиме дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој се борел за слободата на Македонија, за Одринско и за сите. И ова е апсолутна реалност, дециден беше Заев.

Во овој бугарски медиум, по последното интервју, Заев изгледа ги придобил симпатиите, па сега тие се во обид да шират невистини за неговиот политички противник.

По натписите, Мицкоски се огласи на социјалните мрежи.

„И јас и мојата сопруга имаме, единствено, македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту браќата и пријателите на Заев, кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана“, напиша Мицкоски.

Во дебата на социјалните мрежи се вклучија и бугарски политичари кои сигурно не мислат добро за Македонија, па со премиерот Заев си прават пазар со се што е македонско. Сега и на Фејсбук почувствуваа потреба да го бранат својот пријател и соработник кој им ветува што ќе му побараат, а да најдат било каков основ да го нападнат опозицискиот лидер Мицкоски.

На Џамбаски и Ковачев им одговори и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts