vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Вагата ќе добие понуда од странство, Бикот нема да има мир од личност од минатото

ECA

ОВЕН

Досега сте имале распоред, сте работеле со вообичаено темпо, но настапува многу пожесток период од оној на кој сте навикнале. Ако сакате некој да ви се приближи, морате да му покажете дека сте подготвени за нешто ново. Изразете го својот шарм на вистинскиот начин. Лошо расположение.

БИК

Може да очекувате премин на ново работно место. Доколку се покажете на новата работа, може да очекувате и подобри финансии, како и можност за понатамошен напредок. Личност од минатото нема да ви дава мир. Ако спортувате, внимавајте да не се повредите.

БЛИЗНАЦИ

Ќе ве уфрлат во оган, ќе добиете рокови за завршување на работи. Ако сте слободни, нема поместувања на ова поле. Ќе мора да тргнете во акција. Мали стомачни проблеми.

РАК

Ќе работите во тим и секоја работа ќе биде евидентирана. Ќе оставите силен впечаток на надредените. Дилеми во партнерските односи се можни благодарение на вашето опкружување. Вниамавајте на исхраната.

ЛАВ

Конечно, доаѓате до пари. Не само да ги добивате од странство, туку ве очекуваат и посебни бонуси. Ако не сакате да го изгубите партнерот, ќе мора да смените некои ставови. Нема проблеми со здравјето.

ДЕВИЦА

Колку работите, толку и заработувате. Неисцрпни сте во идеите, така што и другите сакаат да работат со вас. Во љубовните односи функционирате беспрекорно и не треба да ве загрижува тоа што другите мислат за тоа. Време е да почнете да вежбате и спортувате.

ВАГА

Вие не само што заработувате, туку овозможувате и другите да заработат. Очекувате понуда од странство, што би требало без проблем да ја прифатите. Партнерот нема потреба да ве следи и да ви угодува. Конзумирајте повеќе житарици, овошје и зеленчук.

ШКОРПИЈА

Ви следува голема и многу успешна кариера. „Вооружете“ се со сила, енергија, знаење, за да може да се прикажете во најдобро светло. Овој ден е одличен за стабилни емотивни односи и развивање на врската. Почнете со редовна физичка активност.

СТРЕЛЕЦ

На овој план ве очекуваат некоја врста обука, усовршување, а потоа и премин на ново работно место. Партнерот го вклучувате во своите планови или го пренасочувате вниманието во правец кој го одбрал, и со тоа караниците ќе бидат избегнати. Хронични тегоби.

ЈАРЕЦ

Доволно сте стручни, имате верба во себе. Ве очекува реализација за која сте се ангажирале, за која сте мислиле дека е невозможно да стане вистина. Во емотивно партнерските односи малку се случува, затоа што не сте заинтересирани за сериозна врска. Исфрлете ја нервозата.

ВОДОЛИЈА

На вам е да се изборите од туѓите влијанија, да се изолирате да се концентрирате на своите работни обврски. Можно е преместување на подобро работно место. Со партнерот може да имате караница на самиот почеток на денот. Внесувајте повеќе витамини.

РИБИ

Ќе добиете признание кое одамна сте го заслужувале. Бидете внимателни и платете ги на време заостанатите сметки, затоа што нема да може се да регулирате. Слободните Риби ќе имаат добар период, ќе се дружат и ќе уживаат. Посветете се на здрава исхрана.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts