vesti24.mk
ЗАБАВА

Важни совети за луѓето кои имаат проблеми со тироидната жлезда – овие работи мора да ги избегнувате

ECA

Најчести болести на штитната жлезда се хипертиреоза или забрзаното работење на тироидата, кога таа произведува премногу хормони, како и хипотиреозата или забавеното работење на штитната жлезда, кога таа произведува премалку хормони.

Кај двете состојби би требало да се избегнува одредена храна, бидејќи таа може да дејствува неповолно на производството на хормонот на тироидната жлезда.

Симптомите на хипертиреозата односно хипотиреозата можат да се ублажат со избегнување на одредена храна, но правилниот избор на производи може да биде мошне индивидуален.

Во случај на хипертиреоза избегнувајте:

-Храна богата со јод како алги, морски треви и останати морски плодови кои содржат многу јод. Исто така, би требало да избегнувате јодирана сол, бидејќи таа содржи многу поголеми количини на јод.

-Полномасно млеко, а наместо него консумирајте обрано млеко кое полесно се вари.

-Рафинирано брашно кое содржи помалку хранливи материи од цело зрно на пченица и тешко се вари. Рафинираното брашно има висок гликемички индекс па може да го наруши нивото на шеќер и хормоните во крвта.

-Црвеното месо, а наместо него консумирајте немасно месо како мисиркино, и риба како што е лососот, туната, харингата, скушата.

-Млечните производи, особено ако хипертиреозата е поврзана со интолеранцијата на лактоза, односно со неможноста да се вари млекото и млечните преработени производи во дигестивниот тракт. Избегнувајте ги млечните производи ако постојано ве мачат проблеми со варењето, подуеност и чувство на замор по консумирањето на млекото, сирењето, сладоледот, јогуртот, итн.

Во случај на хипотиреоза избегнувајте:

-Гоитрогена храна (хранта која го оневозможува преземањето на јодот од крвта) како просото, сенфот, цвеклото, брокулата, спанаќот, ренот и слично.

-Сојата и производите од соја, како маслата од соја кои можат да влијаат на производството на хормонот на штитната жлезда. Се препорачува и избегнување на чоколадните и енергетските плочки, бидејќи содржат соја лецитин кој може да го спречи производството на штитната жлезда. Исто така, избегнувајте го сосот од соја.

-Внимателно и со храната која содржи глутен како јачменот, пченицата, ‘ржта, односно рафинираните производи кои содржат глутен. Исто така, редуцирајте го консумирањето на зеленчукот како што се брокулите, прокељ и цвекло.

-Брзата храна која исто така го забавува производството на хормоните на штитната жлезда.

-Праските, крушите и јагодите се овошјето кое треба да го избегнувате или да го јадете умерено за да го зголемите производството на хормоните во телото.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts