vesti24.mk
ЗАБАВА

Важни совети: Многу домаќинки ги прават овие грешки додека приготвуваат ајвар

ECA

Ајварот е неизоставен дел од зимницата и омилениот во многу домови. Некој го сака лут, некој благ, некој со модар патлиџан, но сигурни сме дека во секој случај не можете да му одолеете.

Сепак, за време на приготвувањето, многу домаќинки прават некои грешки со коишто го расипуваат неговиот вкус.

Погрешна математика

За добар ајвар, но и за преостанатата зимница, клучни се добрите намирници, но и вистинскиот сооднос. Кога станува збор за зеленчукот, ако не го правите само од пиперки, би требало на три килограми пиперки да оди еден килограм модар патлиџан.

Одбирате ситни пиперки

Кога купувате пиперки, замолете го продавачот да ви ја пресече пиперката за да бидете сигурни во дебелината на овој зеленчук, бидејќи токму од тоа зависи квалитетот. Пожелно би било и да ја пробата. Добрата пиперка е зрела и дебела.

Не ги печете пиперките, туку ги варите

Највкусниот ајвар има убава арома што не може да се добие со варење на пиперките. Најдобар избор е печењето на скара, но се препорачува и на природно дрво или јаглен.

Прекратко ги печете

Пиперките и патлиџаните треба добро да ги измиете и да ги ставите на скара со повремено превртување. Кога кожичката ќе почне да се одвојува, тогаш пиперката е печена. Не е доволно само да потемни, но внимавајте и да не ви изгори зеленчукот.

Недоволно ги цедите пиперките

Ставете ги излупените пиперки во цедалка да се цедат прекуноќ, најмалку 12 часа. Исто така, и патлиџанот се лупи и цеди. Ајварот ќе има подобар вкус, а времето потребно за готвење двојно ќе го намалите.

Нетрпеливо мешате

За кремаст ајвар кој совршено ќе се мачка на леб, важно е трпеливото мешање.

Ги оставате семките

Многу домаќинки во ајварот додаваат феферони, но ако не сакате луто, добро исчистете ги од семките. Исто така, од семките треба да ги исчистите и патлиџаните и пиперките.

Премногу го посолувате

Солта се додава постепено, а пред секое пробување, треба да го оладите малку ајварот на чинија. Доколку пробате врел ајвар, нема да го почувствувате вкусот.

Оставате валкани рабови

За да ви трае зимницата подолго, задолжително најпрво стерилизирајте ги теглите. Но со овој трик нема да има потреба да се грижите – пред да ги затворите со капаче, избришете ги рабовите на теглата со алкохолен оцет.

Не ги ладите постепено

Затворете ги стерилизираните тегли со оригиналното капаче, па ставете ги во загреана рерна на 100 степени, час до час и половина. Исклучете ја рерната и оставете ги да се оладат во неа. Чувајте ги на мрачно и ладно место.

Извор: iportal

извор:курир.мк

Loading...

Related posts