vesti24.mk
ЗАБАВА

Вака се храни најпривлечната жена на светот: Оливија Кулпо има тело од соништата благодарение на ова мени

ECA

Поранешната мисица Оливија Кулпо привлекува големо внимание со својот изглед, како кај мажите така и кај жените. Нејзината совршена фигура е сон на многу дами, а таа ни открива како ја одржува формата толку добра.


Вели дека генетиката не е заслужна за нејзиниот изглед, туку исклучиво правилната и избалансирана исхрана. Никогаш не држела диета, ниту била гладна, но внимателно го планира своето мени, особено пред важни професионални ангажмани.

Тие денови пие многу вода, а на минимум ги сведува газираните пијалаци, како и алкохолот.

-Се придржувам до правилото 80/20, а во текот на карантинот тоа беше 40/60. Настојувам сè да биде во рамнотежа, открила таа.

Тоа значи дека во текот на денот ќе изеде 80% здрави намирници, додека оние 20% се резервирани за по некој десерт или чаша сок. Кога се храните вака, не се откажувате од ништо, а не постои шанса да се здебелите.

Таа се обидува исхраната да ја базира на влакна и на протеини.

Вака изгледа нејзиното мени во текот на еден ден:

Појадок: Кафе и потпечено лепче со авокадо или кајгана и потпечено лепче
Ужина: Едно овошје
Ручек: Пилешка салата
Ужина: Јаткасти плодови или кашест сок
Вечера: Месо или риба и зеленчук или порција сладолед

извор:курир.мк

Loading...

Related posts