vesti24.mk
ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА

Вакво скандалозно однесување не е забележано никаде, реакција на Сојуз на стопански комори на исклучувањето на програмите

ECA

Револт во Сојузот на стопански комори од исклучувањето на програмите од страна на кабелските оператори кои наместо да протестираат пред инситуциите за пропис, кој наводно им е наметнат или да преговараат, ги оштетуваат граѓаните и фирмите.

Вакво скандалозно однесување не е забележано никаде, да се исклучува програма за која постојат уредно потпишани договори и за кои имате обрска за испорака на услуга кон компаниите и граѓаните. Бараме појаснување, според кој член од договорите сметате дека без прашање и без писмено прифаќање од страна на корисниците, ќе ги обештетувате со некој денар намалена претплата, а не со соодветна отштета за прекршување на договорите, реагира Сојузот на стопански комори.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts