vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Ватс Ап со нова објава за корисниците по најавените промени

ECA

Ватс Ап објави дека за три месеци ги одложува промените во условите на користење, откако голем број корисници ја избришаа апликацијата во страв дека сервисот за пораки ќе ги споделува нивните доверливи податоци со Фејсбук.

Измените требаше да стапат на сила на 8 февруари, но дека компанијата објави дека тоа нема да се случи пред 15 мај.

Ватс Ап со оваа објава и кампања за задржување на старите услови за користење на сервисот се обиде да спречи масовно преминување на корисниците ма други платформи, пренесува агенцијата Ројтерс.

Ватс Ап истакна дека ажурирањето нема да влијае на тоа податоците да се споделуваат со Фејсбук, туку дека, пред се е насочено како помош за компаниите подобро да комуницираат со клиентите и преку таа платформа.

-Знаеме дека дојде до конфузија и дезинформации околу ажурирањето и сакаме да ги објасниме нашите принципи и факти, се вели во соопштението.

Разговорите и пораките на Ватс Ап, како и локацијата и именикот и понатаму ќе бидат шифрирани, па ни Фејсбук ни Ватс Ап нема да имаат можност да ги користата тие приватни информации, тврди компанијата.

Но, штетата очигледно е веќе направена бидејќи деновие е забележан голем пораст на симнување на апликациите како Сигнал и Телеграм.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts