vesti24.mk
ВЕСТИ

Велков: Епидемијата со КОВИД вирусот само ја извади на виделина епидемијата од неспособност на оваа власт на секое поле

ECA

Состојбата во Општа болница е очајна поради се поголемиот број пациенти и лошото менаџирање на здравствениот систем од страна на здравствените власти, рече на денешната прес-конференција, Христијан Велков од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ја нема монтажната болница за која со месеци повикуваме, нема доволно лекови и персонал, а новото болничко крило не се отвори реално.  Дополнително ниту Општина Струмица не презема посебни мерки за реално да помогне. Ете затоа состојбите во Струмица и во Македонија се надвор од контрола. На граѓаните на Струмица не им треба милост од Заев, изнудена од паничното барање за донации од страна на директорот на општата болницата. Наместо лош ПИ-ар со едно болничко возило во време на епидемија од која секој ден заболуваат и умираат наши сограѓани, потребни се конкретни мерки. Неодговорноста на власта се плаќа многу скапо. Дека се работи за неодговорна власт говори и фактот што го одбија амандманот на ребалансот, предложен од ВМРО-ДПМНЕ со кој се предвидуваше набавка на амбулантни возила за струмичката болница. Ако ги прифаќаат нашите добронамерни предлози, тогаш нема да има потреба здравството да моли за донации. Епидемијата со КОВИД вирусот само ја извади на виделина епидемијата од неспособност на оваа власт на секое поле, истакнува Велков.

Здравството е на колена, децата немаат основни средства за да следат онлајн настава, секој ден затвораат фирми а граѓаните остануваат без работа, дишеме загаден воздух поради немањето на филтри на оџаците токму на институциите под централна и локална власт. Овие проблеми не се решаваат со донации и панични ПИ-ар потези. Потребна е работа, а ако тие тоа не знаат да го направат тогаш треба да си понесат одговорност, додаде тој.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts