vesti24.mk
ВЕСТИ

Велосипедист тешко повреден, паднал на регионален пат

ECA

На 05.02.2021 околу 10,30 часот на регионален пат Р-1310 во с.Подареш, велосипедистот Т.Д.(35) од Радовиш изгубил контрола над велосипедот и паднал на коловозот, информира МВР.

По незгодата од доктор во Клинички центар Штип на велосипедистот му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts