vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Венера во Лав носи оган во љубовните односи овој септември

ECA

На 6 септември Венера влегува во знакот Лав каде ќе остане до 6 септември.

Во изминатиот период, Венера беше во знакот Лав што значи дека го поминувавме времето обидувајќи се да се посветиме на саканите, да се чувствуваме пријатно и да се поврземе со другите.

Лавот е креативен знак кој предизвикува страст и драма, така што овој период ќе флертуваме и ќе бидеме романтични. Немојте да се изненадувате ако почнете да покажувате повеќе љубов и посакате да флертувате каде и да се појавите.

Што носи оваа Венера во Лав за вашиот знак?

Овен

Ова е време за задоволство за Овните. Одличен период за да се поврзете со некоја личност со која флертувате долго, но и да се забавувате. Ако сте во врска, фокусирајте се на рушење на рутината и одржување на страста во врската.

Бик

Нема да сакате претерано да ја изразувате својата љубов (впрочем како и секогаш), но ќе ја искористите енергијата со тоа што ќе посакате да се поврзете подлабоко со личноста која ви се допаѓа. Време е за романса, црвени рози и љубовно расположение.

Близнаци

Не се воздржувајте ако сè што сакате е да флертувате овој месец. Ова е време да ги изразите своите чувства и да изградите романтична поврзаност. Ако сте осамени, ова е време кога треба да ги искористите социјалните медиуми или љубовни апликации за да се поврзете со нова личност. Ако сте во врска, испланирајте кратко патување кое ќе ви помогне да се зближите со саканата личност.

Рак

Раковите се чувствителни личности па за нив емоционалната поврзаност е нешто многу важно. Покажете ја својата љубов преку мали нешта и изненадувања, овој месец. Време е за љубов, а не постои подобар период за тоа.

Лав

Сите очи се вперени кон вас, драги Лавови. Се чувствувате како да сте најсамоуверената личност на светот а со тоа привлекувате многу погледи. Искористите го овој период да ја освоите личноста која подолго време е во вашиот ум. Изразете ги чувствата, бидете нежни и сентиментални.

Девица

Ова е период на Девиците, така што ќе бидете фокусирани на други приоритети многу повеќе од романсата. Но, тоа не значи дека треба да ја затворате вратата кон љубовта. Штом сфатите што сакате од љубовта, полесно ќе ви биде да ја најдете среќата во тоа.

Вага

Вие сте вистински романтичари овој месец. Ќе посакате да ја покажете својата романтична страна пред многумина овој период, но и нема да се плашите дали ќе бидете повредени. Ова е и период кога ќе се посветите на своите блиски пријатели, така што можеби во сите тие дружења, сродната душа е подготвена да ве запознае.

Шкорпија

Шкорпиите се фокусирани на својата кариера овој период. Важно е да најдете личност која ќе може да се носи со вашиот успех, но и ќе ви биде најголемата поддршка во животот. Не прифаќајте нешто што не заслужувате, бидејќи овој месец вие го заслужувате најдоброто.

Стрелец

Овој месец ќе почувствувате дека ви е потребна авантура. Ако сте сами, ќе посакате романтично да се поврзете и да ги проширите своите хоризонти, а вашиот идеален партнер е личност која ќе ви помогне да се развивате. Ако сте во врска, одржувајте ја страста на високо ниво – време е да блеснете во сексуална смисла.

Јарец

Ова е одличен период да се оддалечите од сите луѓе кои не ви носат среќа и да си поставите граници но и јасни цели во однос на тоа што го сакате. Ако сакате врска која блеска, кажете си дека тоа е тоа што го заслужувате, не ја барајте страста онаму кадешто ја нема.

Водолија

Ако сте сами, ова е месец кога ќе бидете особено посветени на тоа да ја најдете својата сродна душа. Време е да се отворите и да покажете што е тоа што ви е потебно, без оглед на тоа дали сте сами или во врска.

Риби

Овој месец ќе бидете инспирирани да ја насочите сета своја енергија кон љубовта. Ако сте сами, направете место во својот распоред за тоа да се посветите на новите луѓе кои долго време се трудат да ви го украдат вниманието, но некако не успеваат. Време е за љубов.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts