vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Вибер не работи во Македонија, најмногу проблеми имаат корисниците на Ајфон

ECA

Корисниците на Вибер во Македонија во последните неколку часови не можеа или сеуште не можат да ја користат популарната апликација.

Проблемите ги пријавиле корисниците на Ајфон уредот, кои наведуваат дека при обид да ја активираат апликацијата на својот телефон, таа „пука“  пред да се отвори почетниот екран.

Исто така, некои корисници на Вибер на иОС платформата имаат проблеми со доцнење во текот на работата на апликацијата, како и со постојано враќање на почетен екран.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts