vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Вибер ја прекина соработката со Фејсбук

ECA

Во среда Вибер ги повлече сите реклами од Фејсбук.

Апликацијата за комуникација Вибер која е пети најголем сервис во светот ги прекинува сите односи со Фејсбук и не е единствена која тоа го направила со оглед на растечкиот број на комерцијални партнери.

Кампањата иницијално започнала во САД откако Фејсбук одбил да напраци нешто по повод објавите на Доналд Трамп за кои критичарите велат дека поттикнуваат насилство. Незадоволството сега прерасна во меѓународно движење.

Вибер кој е во сопственост на јапонскиот конгломерат Ракутен, опфаќа најголем дел од пазарот во источна Европа, југоисточна Азија и северна Африка.

Извршниот директор Џамел Агаоуа рекол дека одлуката за прекинување на соработката е донесена после лошата проценка на Фејсбук за нивната улога во денешниот свет.

Во среда Вибер ги повлече сите реклами од Фејсбук и неговата сестринска социјална мрежа Инстаграм. Бојкотот го продолжуваат со интензивно отстранување на сите Фејсбук технологии од апликациите на Вибер, пренесува „Гардијан“.

На Вибер во иднина нема да постои опција за пријавување преку Фејсбук а ќе биде избришана и нивната колекција на анимирани форографии.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts