vesti24.mk
ЗАБАВА

ВИДЕО: Крадец и украл телефон на една девојка – неколку секунди подоцна горко зажалил кога сфатил која е всушност таа

ECA

Маж на улица и пришол на една девојка со намера да и го украде телефонот, но се покажало дека таа е ММА борец, па тој завршил на улица со крвава глава.

Сето ова се случило во Аргентина, а Бриса (20), на која што крадецот пробал да и го украде, рекла дека само се враќала од работа.

Кога сфатила дека напаѓачот и го украл телефонот, ги повикала минувачите да го запрат, и потоа го срушила на улица со неколку ММА движења, така што тој започнал да крвари.

Потоа го фатила за коса и почнала да вика.

– Идиоту, најди работа. Мислиш ли дека работам цел ден за да можеш ти да ме ограбиш за три секунди – викнала таа и не го пуштила крадецот додека не дојде полицијата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts