vesti24.mk
ЗАБАВА

ВИДЕО: Пронајде невообичаена порака во снегот, па ги праша луѓето што тоа значи – одговорите ја преплашија до смрт !

ECA

Корисничка на „ТикТок“ позната како Џејд сподели со своите следбеници видео од невообичаена порака што ја пронашла напишана на снегот кај канта за ѓубре. Доби одговори што ја преплашија.

Џејд, за која се верува дека живее во Америка, објасни дека кога излегла да фрла ѓубре наутро, наишла на две букви напишани на снегот.

1F“ е напишано накратко, а Џејд го ​​сподели видеото на социјалната мрежа „ТикТок“ со надеж дека другите корисници ќе и објаснат за што станува збор.

@bby.jade__What does this mean? @dutchintheusa

♬ original sound – Jade Jules

Добила одговор кој ја преплашил до смрт.

Имено, како што пренесуваат странските медиуми, многумина и пишале дека мора да биде будна и внимателна.

– Тоа значи „една жена“. Им кажува на луѓето кои што сакаат да ве ограбат, дека живеете сама, напишал еден корисник.

„Претпоставувам дека е лошо, затоа подобро чувајте се“, „Избришете го тој натпис од снегот и напишете „2М“ “, „Може да значи повеќе работи ама ниедна не е добра“.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts