vesti24.mk
ЗАБАВА

ВИДЕО: Руски рибари случајно уловиле ајкула од 150 килограми, не можеле сами да ја извлечат од вода

ECA

Руски рибари од градот Магадан, лоциран на далечниот исток, случајно уловиле ајкула која според нивните проценки, тежела околу 150 килограми.

Рибарите кажале дека ајкулата сама завршила во нивната мрежа затоа што го пратела лососот, кој што претходно го уловиле, пренесуваат руските медиуми.

Се работи за ајкула лосос, која се храни со лососи и лигњи.

Според зборовите на рибарите, ајкулата успеале да ја извлечат од вода со помош на тинејџери кои што шетале на крајбрежјето.

Иако овој тип на ајкула се смета за опасен за луѓето, постојат само неколку познати напади.

Во рекреативниот риболов, уловувањето на ајкула лосос се смета за големо достигнување, но рибарите го доживуваат тоа како пречка затоа што ја троши нивната енергија и може да ја оштети опремата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts