vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Вие сте разочарани од љубовта затоа што постојано правите погрешни избори: Проблемот всушност е во вас, еве и зошто

ECA

Колку пати сте биле разочарани од љубовта, тврдејќи дека ќе се откажете еднаш засекогаш затоа што постојано „трчате“ на погрешни луѓе.

Или се емотивно недостапни или се проблематични. Марагарет Пол, доктор по социологија, терапевт и автор на бројни книги, вели дека проблемот всушност е во вас.

Или сте утопист, па верувате дека вашата љубов може да го промени вашиот партнер, или сте затворени, емотивно недостапни. Трето, вообичаен случај е да мислите дека само ако направите некого да ве сака, ќе се чувствувате сакани. И, не сте во право, се разбира. Затоа, започнете да работите на себе.

– Ако сакате да престанете да привлекувате недостапни луѓе, прво мора да извршите внатрешен „попис“ – вели Полова. – Тоа значи дека треба да развиете силен аспект на личност подготвена за љубов, па за почеток, сакајте се на здрав начин. Се додека само се обидувате да добиете љубов од другите, без да размислувате за себе, сепак ќе привлекувате краткорочни врски. Само кога целосно ќе се сакате, ќе престанете да се обидувате другите да ве сакаат, бидејќи таквите емоции никогаш не се здрави и не можат да донесат ништо добро.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts