vesti24.mk
ВЕСТИ

ВИКЕНДОВ ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО- освен студот ни доаѓа и нешто друго! Еве ги деталите

ECA

Од утре под влијание на многу студена воздушна маса од најсеверните географски ширини, времето ќе биде многу студено со умерен, долж Повардарието засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во деновите од викендот ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20 сантиметри. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни. Утринските ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts