vesti24.mk
ЗАБАВА

Вирален хит на социјалните мрежи: Колку бои гледате на оваа слика?

ECA

Оптичка илузија предизвика дебата на социјалните мрежи. Луѓето не можат да се согласат колку нијанси на виолетова боја гледаат на фотографијата.

Илузијата стана вистински хит на социјалните мрежи откако еден корисник на „Твитер“ ја објави и ги праша луѓето колку бои гледаат.

Илјадници луѓе коментираат и ја споделуваат сликата, а одговорите варираат од 3 или 4 до 21.

„Колку бои гледате? Јас гледам три“, напиша корисникот на својот твитер-профил покрај илузијата.

Бројот на нијанси што се видливи всушност се заснова на илузијата „Mach Bands“. Имено, на местата на премин од една во друга боја, нагласениот контраст може да го измами мозокот.

Но, тоа зависи и од други фактори, како што е прекршувањето на светлината на екранот на уредот што го користите.

„Бројот на бои што ги гледате зависи најмногу од екранот на уредот од кој ја гледате сликата, без разлика дали станува збор за паметен телефон, лаптоп или десктоп компјутер“, објасни еден корисник на „Твитер“.

Колку бои гледате вие?

извор:курир.мк

Loading...

Related posts