vesti24.mk
ВЕСТИ

Високи 44.3% од граѓаните сметаат дека Кастриот Речепи не се појавил на седницата за гласање на доверба на владата бидејќи бил принуден

ECA

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 19 и 21 ноември 2021 на 1.105 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања во моментот.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република
Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

На прашањето „Со кое од следниве трврдења повеќе би се согласиле“, дури 33.3% од граѓаните одговориле дека пратеникот Кастриот Реџепи кој не се појави на седницата за гласање на доверба на Владата, тоа го направи по сопствено убедување, додека високи 44.3% одговориле дека тој бил принуден да не се појави на седницата.

Само 22.4% од испитаниците одговориле со одговорот „не знам“.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts