vesti24.mk
ЗАБАВА

Витаминот Д3 важен за организмот и во борбата против коронавирусот

ECA

Ниското ниво на витамин Д3 може да го зголеми ризикот од инфекција од коронавирус или да доведе до потешка форма на болеста.

Витаминот Д3 покрај големото влијание кое го има на имунитетот е врзан и со коскениот систем. Ниската вредност на витаминот Д3 може да предизвика болка во коските и зглобовите, како и слабост во мускулите, а кај луѓето над 520 години го зголемува ризикот од пад и скршеници на коските.

Проценките на експертите се дека од 30 до 50 проценти од популацијата има дефицит на витаминот Д во организмот, кој често не се препознава клинички, се наведува во соопштението на здружението за развој на медицинска едукација.

Витаминот Д3 заедно со витаминот К2 се смета за една од најважните алки кога се работи за остеопорозата кај жените, особено во периодот на менопауза, кога нивото на естроген е значително помал.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts