vesti24.mk
ВЕСТИ

Владата ветуваше 50% намалување на загаденоста, а не направи ништо!

ECA

И покрај тоа што Владата преку програмата за таканаречениот „План за чист воздух“ велеше дека загадениот воздух ќе се намали за 50% во Скопје и 30% до 50% во другите градови, со оглед на тоа какви горива се набавуваат и за оваа грејна сезона се чини дека ништо не е променето.

И оваа грејна сезона побарувачката за јаглен поради ниската цена (пониска дури и од дрвата) е голема.

Иако се знае дека е еден од главните причинители на загадувањето, а вдишувањето на согорен јаглен предизвикува проблеми во пулмолошкиот и кардиоваскуларниот систем, надлежните не превземаат никакви мерки за да се ограничи неговата употреба и покрај тоа што во една од точките во програмата на Владата „План за чист воздух“ стои дека ќе се забрани продажбата на јаглен за греење, како што и направиле многу држави кои ја детектирале опасноста од согорениот јаглен.

Како клучна цел на програмата на Владата беше споменета комбинацијата на мерки насочени кон промена на начините на греење на домаќинствата, но резултатите од ваквата заложба ги нема никаде.

Со оваа програма за намалување на загадувањето, во периодот 2019-2020 година меѓу првите приоритетни активности се предвидуваше, финансирање активности како што се засилен мониторинг на квалитетот на воздухот.

Тука Владата не превзеде ништо посериозно, а за тоа говори и фактот дека многу мерни станици во државата и покрај тоа што почнува грејната сезона, не работат. Ова го потврди и самиот министер за животна средина, Насер Нуредини кој додаде и дека некои од станиците нема воопшто да проработат оваа година.

Друг приоритет на програмата беше и подигнување на јавната свест преку едукативни кампањи кои ќе имаат за цел да ги информираат граѓаните за штетност од користење на нееколошки извори за затоплување, но и да ги едуцираат за алтернативните поефикасни, поеколошки и економски поисплатливи можности за греењето. И овој приоритет на Владата со оглед на тоа на што одлучиле да се греат граѓаните и оваа зима може да се каже дека е пропаднат.

Приоритет на Владата во спроведување на планот за чист воздух беше и намалување на емисиите на загадувачки супстанци од затоплување во домаќинствата, а тука се споменуваше и проектот за субвенционирање на инвертер клими кој исто така резултираше како неуспешен, а ваучерите кои беа наменети за оваа цел останаа неподелени.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts