vesti24.mk
ВЕСТИ

ВЛАДАТА ПРЕСЕЧЕ: Донесена одлука – рестриктивните мерки продолжуваат до 27ми април!

ECA

Владата на Република Македонија денеска ја оддржа 66-та седница.

На таа седница се донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19, кои се со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).

Исклучок за дел од овие мерки ќе биде дозволен за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.

Исклучок се донесува и за организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите.

Владата на оваа седница на предлог на Комисијата за заразни болести го одобри Протоколот за постапување при реализација на државните и меѓународните тестирања во основните и средните училишта.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts