vesti24.mk
ВЕСТИ

Владата формираше работна група за пренесување на починатите од сообраќајната несреќа во Бугарија

ECA

Владата на денешната редовна 121 седница ја разгледа информацијата за планот за пренесување на повредените лица и на телата на починатите во сообраќајната несреќата во Бугарија, за што е формирана работна група предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во која уште членуваат министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче, информираат од владината Прес-служба.

-Владата го задолжи Министерството за здравство да обезбеди соодветни амбулантни возила за повредените лица и целосно да ги покрие финансиските потреби за нивниот транспорт во земјата, како и да обезбеди соодветна здравствена нега, без разлика дали повредените лица се осигуреници во Фондот за здравствено осигурување или не, велат од Владата.

Покрај ова, министерството за надворешни работи е задолжено да изврши избор на соодветно транспортно претпријатие и во целост да реализира достоен транспорт на посмртните останки на загинатите од Бугарија до земјава, а средствата за транспортот и погребот во целост да ќе ги покрие Генералниот секретаријат на Владата.

Воедно, од Владата посочија дека Министерството за внатрешни работи е задолжено да обезбеди непречен премин со полициска придружба од границата со Бугарија до крајните дестинации.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts