
Владата денеска ќе ја одржи редовната 45 седница со повеќе точки на дневен ред од програмата за работа.
-На денешната седница, меѓу другото, ќе биде разгледана Информацијата во врска со потребата од поднесување на апликација за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, како и Информацијата за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за воспоставување на интегриран систем за управување, мониторирање, следење и контрола на акцизни добра, информираат од Владата.
На предлог на Министерството за надворешни работи на дневен ред на оваа седница е Информацијата за подготовка на првата меѓународна конференција во рамките на Преспа Форумот за дијалог во Охрид и Преспа од 15 до 17 јуни 2021 година.
Министрите во Владата денеска ќе се произнесат и по Годишната програма за работа на Центарот за стручно образование и обука за 2021 година, со Годишен финансиски план, и ќе ја разгледаат Информацијата за степенот на реализација на користење на средствата за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2020 година.
извор:курир.мк