vesti24.mk
ВЕСТИ

Владата ќе ја одржи 54-та седница

ECA

Владата во 12 часот денеска ќе ја одржи својата редовна 54-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.

На денешната седница, меѓу другото, ќе се разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, а на предлог на Министерството за финансии на дневен ред на седницата е и информацијата за унапредување на процесот на фискална децентрализација.

На оваа седница Владата ќе расправа и ќе донесе мислење за годишната програма за работа на Агенцијата за остварување на правата на заедниците за 2021 година, со вклучен годишен финансиски план.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts