vesti24.mk
ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Денес има 39 мртви, а Заев и Филипче не се откажуваат од избори

ECA

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по објавувањето на денешните ковид-бројки, соопшти дека има многу причини министерот Венко Филипче до утре да поднесе оставка.

Денеска имаме 39 мртви од КОВИД 19. Секој ден бројот на умрени наши сограѓани расте. Дел од овие 39 животи можеби ќе се спаселе, ако не се чека со денови за тестирање и резултати. Дел од овие 39 животи можеби ќе се спаселе, доколку во болниците имаше поголем капацитет. Нови 1,273 заболени за само еден ден. Денеска 1,273 заразени и 39 мртви, Филипче и Заев не се откажуваат од корона избори во Штип и Пласница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts