vesti24.mk
ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 75% од матурантите ја бојкотираат наставата, секојдневно добиваат закани и притисоци, а Царовска не сака да ги слушне нивните барања

ECA

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека како и за новиот образовен концепт за основно образование, така и за барањата на матурантите, Царовска оди со глава во ѕид.

-Без слух за проблемите, без одговор на барањата на учениците, професорите и стручната фела. Се е исправно само како што замислиле Заев и Царовска. Матурантите веќе неколку месеци бараат од Мила Царовска да ги слушне и прифати нивните барања. На почетокот ги лажеше и им ветуваше, но како се ближи крајот не ни сака да ги прими и да разговара со нив. Над 75% од матурантите бојкотираат настава, а секојдневно трпат притисоци и закани од министерката, директорите и наставниците, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека матурантите директно ја посочија Царовска и нејзините директори за уценување и заплашување и заканување кон матурантите да го прекинат бојкотот.

-Тие имаат јасни барање, а тоа се да се одржи полагањето на матура, но да полагаат само два предмети од кои првиот предмет да биде мајчин јазик, а вториот изборен како и проектна задача. Министерката за се и сешто, Мила Царовска шири дезинформации со цел да ги излаже и заплаши матуранти. Вистината е како што велат и самите матуранти дека наставата ја бојкотираат над 75% од матурантите. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на матурантите и тие се основани. Кога оваа година, година на епидемија поголем дел од учениците следеа онлин настава, дел од нив немаа услови за следење на наставата и наставата се одвиваше во тешки услови, министерката Царовска треба да ги прифати овие основани барања на матурантите. Доколку матурантите испрат писмо со барање за дискусија за државната матура во Собранието на Македонија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат матурантите во нивните барања, стои во партиското соопштение.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts