vesti24.mk
ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Спасовски да се справи со телеграм групата „Јавна соба“ загрози млади животи и создава жртви

ECA

Оливер Спасовски е неспособен министер кој ја загрозува безбедноста на граѓаните и одбива да постапува по барањата на граѓаните. Случајот со „Јавна соба“ што се појави минатата година беше решен за само два дена и групата беше затворена под водство на МВР на техничкиот министер Наќе Чулев, заштитувајќи ги сите жртви,стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сега Оливер Спасовски според тврдењата на граѓаните и жртвите, одбива да им помогне на граѓаните. Неколку дена граѓаните пријавувале лична злоупотреба во МВР, а МВР ги одбивале и не постапуваат, велат од партијата.

– Срамно е и безобразно да нема никаква грижа и обврска кон граѓаните од кои зема плата. Неспособноста на Оливер Спасовски е опасност за граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts