vesti24.mk
ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Со ротацијата на старите кадри Заев продолжува да го штити синџирот на криминал и корупција во високите кругови на власта

ECA

1. Предизборното дивеење на власта и СДСМ го плаќаат граѓаните преку покачување на електричната енергија, Заев со покачувањето овозможува поголем приход за ЕВН од 20 милиони евра.
2. Кадровските решенија на власта се „лажни експерти“ по сите прашања и со нивна ротација Заев продолжува да го штити синџирот на криминал и корупција во високите кругови на власта.
3. Со Бојан Маричиќ не може да има реформи во судскиот систем, единствено ќе има монтирани судски обвиненија, монтирани случаи, избор на подобни обвинители и судии и заштита на корупцијата.
4. Хибридната коалиција на Заев и старите кадри кои ја направија Македонија најкорумпирана држава во Европа, со нов долг од 1 милијарда евра за три месеци може само да донесе економски крах и неуспех.
5. Непрофесионалните кадри и неажурноста на Шилегов од Скопје направија град кој е под инвазија на комарци.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

извор:курир.мк

Loading...

Related posts