vesti24.mk
ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Чевлите на сопругата на Заев вредат повеќе од законската апанажа на Трипуновски, кого СДСМ го избрка од работа

ECA

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува реваншизмот и насилието кое што СДСМ го врши врз Цветан Трипуновски, само заради тоа што јавно ги обелодени сите криминали на власта во делот на земјоделието.

Трипуновски поднел барање за апанажа затоа што СДСМ го избрка од работа и го остави на улица како родител на две деца, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо СДСМ да се занимава со законската апанажа на Трипуновски кого го избрка СДСМ од работа, да се занимава со мафијата на Заев која краде од народот.Навистина е лицемерно што СДСМ е пикната во глувчешка дупка кога станува збор за одговори како перела пари со анти НАТО бизнисменот Дака од Панама и купувала земјиште во Тетово каде сега ќе никнат 2000 станови, а молчи за партискиот реваншизам врз Трипуновски и пушта реакции за законски побараната апанажа, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во исто време СДСМ ги лаже лозарите и ги притиска по багателна цена да го продаваат грозјето.Заев молчи и за поскапата струја и фактот дека го кршат законот кога цената ја покачува партискиот извршител на мафијата Бислимовски, истакнуваат тие. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека само чевлите на сопругата на премиерот вредат повеќе од апанажата на Трипуновски, и неможејќи да одговорат за вистинските афери, додаваат од партијата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts