vesti24.mk
ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Џафери да го објави законскиот основ и документот според кој Караџовски одобрил позитивни пратеници да одат во Собрание

ECA

Чекаме Џафери да го објави законскиот основ и документот според кој Караџовски одобрил позитивни пратеници да одат во Собрание, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Караџовски нема право и правен основ да ги менува протоколите. Каков е тој документ потпишан од Караџовски со кој се суспендираат закони на неколку часа? Дали Караџовски направил фалсификат документ или Џафери лаже. Караџовски и Џафери да излезат и да ја кажат вистината, истакнуваат од опозицијата.

Документ каков што тврди Џафери би бил правен преседан. Караџовски и Џафери да не се кријат и да објаснат дали се впуштиле во законско кршење за потребите на циркусот и театарот на Зоран Заев?! Додаваат од таму.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts