vesti24.mk
ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ветуваше тунели, чист воздух, а се сведе на сечење дрва и измама тешка 12.7 милиони евра, парите ги нема

ECA

Петре Шилегов ветуваше препород на Скопје, а после 4 години неговата работа се сведе на сечење дрва и измама тешка 12.7 милиони евра со продажбата на Градската куќа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено Шилегов сеуште молчи каде се парите кои ги доби од продажбата на Градската куќа на ЕВН која не ја изгради, туку ја доби изградена во наследство.

Значи Шилегов не беше ниту способен да ја всели, а не пак да изгради нова. Парите од продажбата ги нема, а Шилегов упорно не кажува во чии џебови завршија. Неговиот капитален проект беше сечењето на дрвата кај Орце Николов.

Ги повикуваме институциите особено Обвинителството да проверат каде завршија парите од оваа зделка на Шилегов“ – порачуваат од партијата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts