vesti24.mk
ЗАБАВА

Внимавајте при изборот на влечки за дома, не се толку добри за вас како што мислите

ECA

Симптомите на артритис, како што се болки и отоци на зглобовите на рацете и нозете, може да се влошат и засилат поради носењето домашни влечки. Така барем тврдат докторите кои спроведувале истражувања за разните производи за стапала.

Тие предупредуваат дека носењето влечки, со текот на времето, може да го влоши начинот на кој одиме, бидејќи наместо да одиме, ние се лизгаме, не ги креваме премногу нозете од подот и само ги „влечеме“ наоколу.

Експертите сметаат дека тоа е една од причините зошто и здравите луѓе понекогаш можат да почувствуваат болка во зглобовите, кои се всушност преоптоварени поради тоа што ги „носат“ влечките, а стапалата се во неприродна положба.

Болката во стапалата предизвикана од неудобните обувки е честа појава и кај младите луѓе, бидејќи тие редовно бираат обувки кои не им да ја даваат потребната потпора на стапалата. Кај жените, болката се јавува почесто доколку носат високи потпетици, а ситуацијата се влошува кога стапалата ќе се „оладат“, па можеби и самите сте ја почувствувале болката од воспалените стапала кога сте станале наутро.

Докторите препорачуваат да носите топли дебели чорапи наместо влечки во текот на зимата, бидејќи така стапалата ќе ја одржат потребната топлина и без влечки.

Доколку сепак не сакате да одите боси, набавете си топлинки, бидејќи тие ќе му дадат потпора на целото стапало. Така стапалата ќе останат во природната положба и нема да ги преоптоварите зглобовите.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts