vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Воделе љубов во кабина за магнетна резонанца- сега сите можат да го видат тоа, особено неговата „надареност“ (ВИДЕО)

ECA

Некои од луѓето навистина знаат да го изберат местото за водење љубов. Особено доколку целиот свет има можност да гледа што и како правеле.

Имено, британското списание „British Medical Journal“ ги објавило првите MRI фотографии од луѓето кои што имале секс, а велат дека фотографиите се популарни и по 20 години од објавувањето. Фотографиите биле дел од истражување, во кое што биле набљудувани парови кои што имаат сексуален однос во различни секс пози.

Истражувањето било објавено во далечната 1999-та година, а главното откритие било дека пенисот има облик на бумеранг кога е во вагината, иако досега се сметало дека е рамен или пак дека има облик на буквата „С“.

Исто така било докажано дека матката не се зголемува во текот на сексуалниот однос, како што се мислело претходно.

Сепак, од медицинското списание не сметале дека истражувањето е клинички или пак научно корисно, сè по објавувањето кога истото станало едно од најчитаните.

Во текот на 2014-та година овој експеримент бил повторен и била направена снимка од сексуален однос, а видеото на Јутјуб е прегледано повеќе од два милиони пати.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts