vesti24.mk
ЗАБАВА

Возачот на блиндираниот ЅВЕР на американскиот претседател поминува специјална обука, еве каква

ECA

Подготовката и тестирањето на агентите на Тајната служба се спроведуваат на полигон во сојузната држава Мериленд.

Што е тактичко возење и заштита на патниците? Тоа подразбира безбеден превоз на ВИП личности од точка А до точка Б, со стручен избор на превозно средство и унапред испланирано движење во различни патни формации.

Тактичкото возење може да се подели на офанзивно и дефанзивно. Одбрамбеното возење се активира во случај на блокиран пат или заседа, со контра-мерки од следењето на ВИП личностите.

Офанзивната тактика го употребува возилото како оружје.

Подготовката и тренингот на агентите на Тајната служба на САД, кои се задолжени за безбедноста на претседателот, се организирани на полигон, односно на патека со должина од 550 метри во сојузната држава Мериленд. Таа е посебно осмисллена за симулација на безбедни (дефанзивни и офанзивни) возења.

Обуката трае пет дена

Агентите стекнуваат искуство во разни техники, како тактичко возење, слалом возење, вртење, пробивање блокади, избегнување заседи со едно или две возила…

Главната задача и целта на припадниците на Тајната служба е извлекување на ВИП личностите од опасната зона и нивно префрлање на сигурно, во што пократок временски период.

Програмата трае пет дена, а кандидатот мора успешно да помине повеќе од 60% од предизвиците на полигонот. Во спротивно, се враќа на вообичаената должност, но подоцна може повторно да се обиде да конкурира.

Отпорен на куршуми и експлозии

Ниту после завршената обука, поголемиот дел од агентите не се подготвени да седнат зад воланот на познатата претседателска лимузина Cadillac One (или Ѕверот), која е тешка девет тони и опремена со најмодерна технологија.

Автомобилот е отпорен на куршуми и експлозии, а има и можност за контра-напад со солзавец.

Тоа е само мал дел од неговите арсенал, а како изгледа формацијата кога Доналд Трамп е во државна посета погледнете во видеото во продолжение:

извор:курир.мк

Loading...

Related posts