vesti24.mk
ВЕСТИ

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: На некои патни правци можна е појава на поситни одрони – во Маврово вее снег

ECA

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со наместа мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Како што соопшти Автомотосојузот на  Македонија, врнежи од слаб снег се бележат во Маврово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од АМСМ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts