vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Во Италија само 6 новозаразени на два милиони жители, во Македонија 89 новозаразени

ECA

Италија денеска бележи најнизок број на новозаразени со коронавирус од 26 февруари кога и беше откриен и првиот случај, односно во изминатото деноноќие регистрирани биле 178 новозаболени лица, додека претходниот ден тој број изнесуваше 355.

Во меѓувреме кај во Македонија бројот на новозаболени во изминатото деноноќи за првпат се искачи на најзисоко ниво и изнесуваше 89 новозаразени лица, со 7 починати, што претставува најцрн ден до сега во нашата држава.

Инаку доколку се направи споредба, на Македонија и Италија за изминатото деноноќи на бројот на заразени со Ковид-19, ќе дојдеме до фрапантни бројки кои што претставуваат вистински пораз за Македонија, одностно ако се земат последните бројки за изминатото деноноќие во двете земји бројките за нас се поразителни.

Имено, Македонија на два милиони жители бележеше 89 новозаразени, додека Италија која е 60 милиони 178, односно доколку оваа бројка ја пресметаме на два милиони ќе добиеме резултат од шест, односно на два милиони жители во Италија се заразиле само шест лица.

Инаку Италија изминатите месеци беше вистинско жариште, а животот од коронавирусот до сега го загубија 33.475 лица.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts