vesti24.mk
ВЕСТИ

Во Кичево пациентите со коронавирус се примаат во шатори, власта без слух

ECA

Зголемениот број на заразени и починати лица е показател дека коронавирусот продолжува да го зема својот данок, но и дека власта неуспешно се справува со здравствената криза.

Имено, сведоштвата од граѓаните говорат дека власта нема слух ниту за овој проблем со кои се соочува не само Македонија, туку цел свет, а за тоа говори и фактот дека инфицираните пациенти од корона вирус во Кичево наместо во kовид центар, се примаат во шатори пред болницата.

Според информациите кои излегоа во јавноста општина Кичево е еден од поголемите градови кои нема ковид центар за лекување на пациенти, туку се примаат пациентите за лекување од корона кризата во шатори. Како што вели директорот на здравствениот дом Џабир Бајрам, болницата нема ниту инфективно одделение туку само амбуланта со еден инфектолог, ниту епидемиолошка служба па повремено доаѓаат епидемиолози од Битола.

Директорот Бајрам се жали дека бројот на ново заразени во Кичево е во пораст, па се надева на помош од Министерството за здравство да постави барака со неколку соби и санитарни јазли за третман на пациентите од регионот.

-Во последно време бројот на инфицирани со вирусот Ковид во Кичево е во пораст. Оваа ситуација е резултат и на наш пропуст, бидејќи не успеавме навреме да се организираме и да отвориме ковид центар во склоп на центарот и да можеме пациентите со лесна и средна клиничка слика да ги третираме во Кичево. Немаме ниту просторија за дневен третман на пациенти. Ние сме примарна медицинa, немаме ние услови и можност за третман на пациенти со Ковид, рече Џабир Бајрами, директор на Здравствен дом Кичево.

Деновиве кога има пораст на заболени пациенти од корона речиси и да нема место за прием на пациент од кичевскиот регион во регионалните ковид болници во Битола и Гостивар каде се третираат пациентите со потешка клиничка слика.

Докторот во приватна амбуланта Генц Селмани вели дека согласно протоколите задолжени се да ги пријават пациентите со симптоми на ковид во ковид центрите во Битола, Охрид или Гостивар, но дека последните денови се одбиени зошто таму нема место, а пациентите се оставени на милост и немилост.

-Фактички пациентите кои имаат симптоми на ковид 19,ние со договор или со протоколот задолжени сме да ги пријавуваме во ковид центрите ви Битола, Охрид или Гостивар. За жал последните дена одбиени сме бидејќи нема место таму, и пациентите од Кичево се оставени на ,милост на судбината и среќата. Ги повикувам институциите што по брзо да преземат нешто. Да се направи импровизирана болница каде можат пациентите да добијат помошта, односно терапија со инфузија, вели Селмани.

Директорот на кичевска болница доктор Станко Трпески најавува дека ќе се изврши реорганизација на просториите и создавање на услови за третман на пациентите инфицирани од Kовид-19.

-Сега со стручниот колегиум ќе најдеме соодветен простор каде што ќе бидат опслужени пациенти што се суспектни. Сите ковид пациенти кои се на домашно лекување се истријажирани преку нашата институција. Преку лабораторија, трансфузија, рендген, повеќе од 20 пациенти, дали суспектни, дали позитивни се опслужени од нашата институција. Тоа не значи дека ние како институција не работиме со ковид позитивни, само што немаме лежечки ковид позитивни, рече Трпески.

Во моментот во болницата во Кичево четворица лекари се позитивни на Ковид-19, помеѓу кои еден гинеколог, инфектолог и двајца интернисти.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts